Стапката на невработеност е намалена на 14,3 отсто, вели Николовски

Заменик-министерот за финансии, Филип Николовски во „Детектор“ на „Сител ТВ“ кажа дека во моментов имаме најниска стапка на невработеност во Македонија, која изнесува 14,3 отсто.

- Стапката продолжи да паѓа и покрај кризата која го зафати целиот свет, вели Николовски.

Николовски смета дека според проекциите на домашните и меѓународните организации кои ја следат економијата, во втората половина на годинава ќе имаме стабилизација и раст како пред кризата.