ССМ: Се злоупотребува бенифицираниот стаж во Македонија

Онаму каде нема синдикат,  правилникот за бенифициран стаж се злоупотребува, реаграат од ССМ.  

Иако вработените имаат вакво право тие не одат порано во пензија. Многу од нив не ни знаат дека ја имаа оваа привилегија и затоа не реагираат. Нема ниту кој да ги упати, а инспекторите кои се надлежни за тоа не делуваат превентивно.

- Ако сакаме да се стават работите во ред потребно е да се зголеми бројот на инспектори за оваа намена да почнат да делуваат како што треба и да се зајакнат капацитетите на оние постоечкте, рече Пеце Ристески- СИЕР.

Државата веќе најави дека годинава се подготвува нов закон за бенифициран стаж. Експертите апелираат да се избегнуваат  мерки кои можат дополнително да му наштетат на фондот.

Според  податоците на министерството за труд во септември лани  28 илјади работници работата на позиции кои подлежат на бенифициран стаж. Во оваа бројка вклучени се и оние од полицијата, армијата, од рударската дејност, металургијата и транспортот.