„Срничките“ делеа пораки за правата на децата

Дечињата од градинката „Срничка“, клон „Чекорче“, ја одбележуваат Светската недела на детето со многубројни активности посветени на детските права.


Во рамки на активностите за одбележување на неделата на децата, дечињата од градинката денеска, 2.10.2017 година, делеа пораки на случајните минувачи од општината, а исто така ќе се запознаат со нивните права и ќе учествуваат во музички хепенинзи.