Среќен роденден Тоше!

Нема девојче тие години кое не сонуваше за неговите убави очи. Нема човек што не ги пееше неговите песни. Немаше такви кои не го сакаа, ниту онакви кои не пуштија солза кога почина. Немаше некој кој не се восхитуваше на неговата големина, хуманост и добрина.

Имаше големо срце, даруваше и кога немаше и ги поттикнуваше другите да го прават тоа. Споделуваш со сиромашните, помагаше на болните и даруваше на беспомошните.

Македонската легенда, великанот Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 41 свеќa на тортата.

Во „Вртелешка“ каде последен пат зборуваше за сè што му лежи на срце, помеѓу друго, на шега се зборуваше за тоа колку бил згоден и како би изгледал на 40 години. Сигурно ќе изгледаше одлично на 40. Ќе го задржеше оној неверојатен шарм и насмевката која топи. Ќе беше пријатен, смирен, внимателен. Олицетворение на праведност, чистина, среќа, скромност, љубов.

Иако денес го нема, неговите вредности остануваат со нас, а луѓето со жалење и многу љубов се' уште го слават неговиот лик и дело. 

Ќе беше испиративен, прекрасен и многу хуман на 41, во секоја смисла!

Среќен роденден Тоше!