
Да беше меѓу нас, и да не се случеше пожарот во дискотеката "Пулс" во Кочани, Андреј Ѓорѓиески од групата "ДНК" денес ќе наполнеше 44 години...
Фановите на музиката на ДНК, праќаат честитки по повод небесниот роденден на нашиот Андреј, музичарот со хумано срце. Тој е роден на денешен ден, 1982 година, во Скопје, а трагично настрада во пожарот во кочанската дискотека каде имаа настап со Панчо, на 16. март минатата година. Според очевидци на несреќата, тој првин излегол од дискотетата, но се вратил да спасува луѓе.
Беше еден од омилените музичари кај нас, човек со огромна желба да помогне секому, да подаде рака кога треба. Зад себе остави сопруга и десетгодишна ќерка.
