Среќа во несреќа: 17-годишник се качил на цистерна-вагон и доживеал струен удар, преживеал и пренесен е во болница

На пругата на територија на Кисела Вода вчера момче од Волково кое било качено на цистерна-вагон доживеало струен удар. Се работи за 17-годишник, а немилиот настан се случил во 14.55 часот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Како што потврди МВР за МИА, цистерната се запалила, а повредениот со возило на Итна помош е пренесен во Ургентен центар.