Среде бел ден ограбил продавница во Драчево, веднаш бил фатен од полицијата

Полициски службеници од полициската станица Драчево го уапсиле Д.Р.(31) откако вчера среде бел ден во 12:20 часот во Драчево ограбил продавница.

„Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ велат од МВР