Среде бел ден: демолиран автомобил на паркингот пред Пошта на Железничка

На социјалната мрежа „Твитер“, се појави видео на кое се гледа како две машки лица демолираат паркиран автомобил. 

Снимката е направена во близина на Железничката станица во Скопје, односно на паркингот кај Пошта. 

Во описот на видеото објавено на „Твитер“, пишува: „Припрема за газди што не даваат плата. ПС, а за чиновничиња и министерчиња што сега глумат големи газди ќе се снима нов филм“. 

Се шпекулираше дека се работи за вработени во компанија кои подолг период не зеле плата, но сепак согласно информациите, станува збор за сцена од филм.