Средба Синдикат на УКИМ и Влада: Покачување на платите од следната година

Синдикатот на УКИМ се сретна со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министрите за финансии и образование и наука. 

Тематиката на средба е во врска со барањето на професорите за постепено зголемување на платите. Средбата траеше еден час, а од Владата излегоа со ветување дека од следната година ќе потпишат нов колективен договор, а зголемување на платите ќе има. 

Тие бараат постепено покачување на платите, односно покачување за 25 отсто годишно. 

Синдикатот на УКИМ, тврди дека работниците во УКИМ имаат најниски плати во регионот.