Средба на министерот Спасовски со чешкиот амбасадор Мирослав Томан

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република  во  земјава, Мирослав Томан, и со  новоименуваниот конзул и раководител на економскиот сектор во Амбасадата на Чешка, Давид Чернохорски, кому Спасовски, како што информира МВР, му посака добредојде и успех во работата во унапредувањето  на  одличните билатералните односи меѓу двете држави.

– Од страна на двајцата соговорници уште еднаш  беа потврдени  пријателските односи, континуираната поддршка која Чешката Република и ја дава на Република Северна Македонија во повеќе сфери на општествениот живот и беше изразено уверување дека и во иднина ќе се работи на нејзино продлабочување  и  интензивирање  преку нови проекти и донации кои ќе бидат од голема полза за потребите и јакнење на капацитетите  на Министерството за внатрешни работи, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Министерот Спасовски и амбасадорот Томан разговараа и за планираното испраќање  нов чешки контингент од полициски службеници за поддршка на нашата полиција во справување со миграцијата на јужната граница од земјава.