Средба на министерот Нухиу со косовскиот амбасадор Дедај

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска одржа работна средба со амбасадорот на Косово во земјава, Ѓерѓ Дедај.

Министерот Нухиу и амбасадорот Дедај изразиле задоволство од досегашната соработка меѓу министерствата за внатрешни работи, но и меѓу двете соседни пријателски земји.

Како што соопшти МВР, Нухиу ја искористил денешната средба и во поглед на актуелната пандемија со КОВИД-19 побарал од Дедај да посредува со властите во Приштина да се разгледа можноста државјаните на земјава при транзит низ Косово да не приложуваат ПЦР тест, на што амбасадорот рекол дека барањето ќе биде пренесено од негова страна, а министерот Нухиу ќе биде известен за одлуката.

На средбата се разговарало и за неодамна одржаните вонредните парламентарни избори во нашата држава, активностите кои се преземаат по нивното завршување, како и активностите кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија КОВИД-19. цр/сп/