Среда е неработен ден, Бадник се паѓа во понеделник идната недела!

Утревечер, на 31.декември кон 1. јануари, односно вторник спорoти среда се дочекува Новата 2025 година. 

Согласно Законот за празници, за сите граѓани неработен ден ќе биде среда, односно 1. јануари 2025 година. 

Бадник ќе се слави на 6. јануари, односно во понеделник, а во вторник, 7. јануари се слави Христовото раѓање - Божиќ. 

Бадник е неработен само за правсолавните верници, а Божиќ за сите граѓани. 

Во јануари неработни денови се и 19. јануари - Богојавление и 27. јануари - Свети Сава. 

Јануари е месец полн со празнувања и неработни денови, но сепак идната година, 2025 ќе имаме помалку продолжени викенди за разлика од годината која изминува 2024!  

Ова се сите неработни денови претстојната календарска година