Срцето е најсилниот љубовен магнет: Не е се во убавината, има нешто и во хемијата!

Срцето е најмоќниот магнет кој го поседуваме и главен инструмент за привлекување и содавање на нашата реалност. Законот на привлекување делува низ нашето срце. Умот е контролор и тој создава граници кои се продукт на нашите уверувања. Умот ја ограничува експлозијата на нови алтернативи во нашата реалност.

Како што вели Ајнштајн: „Секогаш се однесуваме исто, а очекуваме поинакви резултати.“, односно со истите формули очекуваме решение за сите математички проблеми.

Дружењето со негативни, несреќни, незадоволни и агресивни луѓе ја нарушува нашата енергетска хармонија и не јаде како киселина. Не е сеедно во какво друштво ќе бидеме и какви зборови ќе слушаме.

Кога низ некој близок партнерски однос ќе дојде до размена на енергиите, се создава ентитет на измешани енергии кој го нарекуваме „врска“ помеѓу две личности. Врската преживува многу подолго отколку што подразбира физичкиот контакт меѓу две личности.

Низ тој однос ние го преземаме она што го емитира партнерскиот енергетски систем, психо-емоционалните содржини, физичкото ниво, уверувања, болестите, искуствата, доживувањата и впечатоците и тоа станува дел од нас, односно влијае на квалитетот на врската. Колку сме подолго во врска или поврзани со некоја личност, нашата енергетска структура се менува и ускладува. Заклучокот е дека две личности кои живеат заедно, со текот на времето почнуваат да личат едни на други, си ги преземаат гестикулациите, однесувањето и уверувањата.

Конфликтните односи имаат улога да не трансформираат и да не научат како да делуваме во љубовта. Кога делуваме според мислењата и уверувањата, конфликтите се неизбежни, но кога делуваме од љубов и желба некому да ја даруваме безусловно, подготвени сме потполно да ги рашириме своите досегашни уверувања, а тогаш партнерот исто така го презема нашиот модел на однесување.

Кога гордоста и тврдоглавоста ќе и го отстапат местот на мудроста и кога љубовта ќе почне да го исполнува нашето срце, можеме да очекуваме да се промени и однесувањето на партнерот. Со осудување и постојано приговарање, нема да стигнеме далеку.

Ако сме продуховени, а партнерот не е, не би требало да се чувствуваме супериорни и возвишени или да размислуваме да го напуштиме, туку упорно да го следиме патот на исправноста, затоа што партнерот постепено ќе се усклади со нас.

Физичката убавина не е никаква гаранција дека ќе имаме успешен љубовен живот и определувањето исклучиво кон физичкиот аспект на животот не доведува до површност и неразбирање на духовната суштина.