Србија е единствена екс-југословенска земја која се пласираше во евровизиското финале

Евровизија како да е „непријател“ на поранешните југословенски учесници. Имено, оваа година само Србија се пласираше во финалето, иако учествуваа и Македонија, Словенија, Хрватска и Црна Гора. Босна и Херцеговина одамна не учествуваат на Евросонг. 

Во последната деценија Македонија само двапати успева да се пласира во финале, еднаш во 2012 со „Црно и бело“ на Калиопи и после седум години, Тамара со „Proud“.

Инаку, во 2004, 2005, 2006 и 2007, Македонија влезе во финале четири години последователно - Тоше, Мартин Вучиќ, Елена Ристеска и Каролина. „Малерот“ започна со Тамара, Врчак и Адријан Гаџа, а продолжи со Некст Тајм, Даниел Кајмакоски, Тијана, Ѓоко Танески, Влатко Илиевски, Ај Кју и Васил Гарванлиев. 

Неспорно е дека многу од овие претставници заминаа со навистина квалитетни песни. Но, сепак, поранешните југословенски републики како да ги „бие малер“, додека пак земјите како Литванија, Полска, Латвија, Естонија, но и скандинавскиот блок, навистина лесно се пласираат во финале. 

Дали се работи за лошо менаџирање на настапите или пак, едноставно поранешна Југославија е неатрактивна за европската музичка сцена, никој нема одговор.