МВР информираше дека синоќа било спречено криумчарење на мигранти од Непал. Имено во 19:50 часот на автопат Табановце - Куманово, полициски службеници забележале неколку лица мигранти како влегуваат во патничко возило „фолксваген туарег“.
„На даден знак за запирање возилото не застанало, но по преземени мерки набргу било запрено, по што возачот го напуштил местото. Притоа, во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Непал кои биле сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.