Спомен куќата на Тоше – најпосетуван музеј во Македонија

Атрактивноста на постановката, локацијата, бесплатниот влез, работното време, групните посети, годишното време, екскурзиите и туристите – сето тоа влијае во конечната бројка на бројот на посетители во македонските музеи.

Познавачите велат дека во последно време има нагорен тренд на расење на бројот на посети во македонските музеи.

Новоотоврените се и најатрактивни, така покажуваат и бројките. За истакнување е зголемениот број на странски туристи кои ги посетуваат македонските музеи, а тоа пред се се должи на соработката на туристичките агенциите со музеите.

Според официјалните податоци, Спомен куќата на Тоше во Крушево е моментно најпосетуван Музеј во Македонија. На второ место според бројот на посетители е Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим, а на трето место е Музејот на вода и заливот на коските во Охрид. Во овие музеи влезот се наплаќа.

Во категоријата музеи каде што влезот е бесплатен, прва е Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје на второ место е Меморијалниот Музеј на холокаустот, а трет е Музјот на град Скопје.

Спомен куќата на Тоше ги оправдува очекувањата по бројот на посети, со оглед на мегапопуларноста на Тоше Проески. Влезницата во Спомен куќата на Тоше чини 100 денари за индивидуални посети, а 50 денари за групни. По педесет денари плаќаат и учениците и пензионерите, а влезот е бесплатен за социјалните категории граѓани.