Спектакл во Скопје, на 3 септември гостува европскиот фудбалски првак

УЕФА го потврди распоредот на натпревари во квалификациите за селекциите до 21 година, Шпанија која е европски првак ќе гостува во Скопје на 3 септември.

Македнија е во група со Шпанија, Казахстан, Израел, Црна Гора и Фарски Острови.

Досега во групата 6, селекцијата на  Македонија до 21 година, одигра четери меча, запиша две победи и по еден пораз и нерешено.

Шпанија е прва со максимален ефект од пет победи од сито толку мечеви.

Дуелот меѓу Македонија и Шпанија ќе се одигра во Скопје на 3 септември, терминот дополнително ќе биде одреден.