Во сабота на 5 октомври во склоп на манифестацијата „Бела Ноќ“ и по повод 50 годишнината од своето постоење, Францускиот институт во Скопје организира волшебен уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на трупата „Кидам“ кој ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“.
Место на поаѓање е Музеј на град Скопје во 20:00 часот а финале на претставата е Плоштад „Карпошово востание“.
Театарскиот перформанс е во изведба уметничката трупа „Кидам“, која остварува од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет. По настапот на француската трупа, на „Ибни Пајко“ следува фантастичен видео-мапинг на Емил Петро, насловен „Франција во светлина“.