Специјалитет од турската кујна: Запечен компир со јогурт

Состојки:

3 средни компири

200 гр турски/грчки цврст јогурт

сол,бибер

100 гр рендано тврдо сирење

малку маслиново масло

Подготовка:

Излупете го компирот, па исечете го на кругови.

Направете фил

Ставете го во садот турскиот јогурт (ако не можете да најдете заменете со грчки или обичен цврст јогурт помешан со лажица кисела павлака), додадете сол и бибер и изрендан лук. Се помешајте да се поврзе. Пробајте, филот треба да биде малку посолен.

Садот премачкајте го со малку маслиново масло. Редете ги круговите компир еден до друг, нека не одат еден преку друг. Кога ќе го наредите првиот слој, премачкајте се филот. Сега наместете го другиот ред па и него премачкајте го со филот, постапката повторувајте ја најмногу 4 пати.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Покријте го садот во кој ќе печете со алуминиумска фолија, па поклопено печете 50 минути.

Пробајте со чепкалка дали компирот е мек.

Кога ќе омекне тргнете ја фолијата, ставете од наренданото сирење па печете уште 10тина минути на 200 С, додека не фати фина боја.

Добар апетит.