Специјалитет од потпечен карфиол

Интересна промена, за љубителите на потпечен зеленчук.

Состојки:

Еден карфиол
2-3 лажици павлака
Малку рендано сирење
Две јајца
Презла
Вегета
Сув босилек 

Подготовка:

Исечете го карфиолот на цветови, а потоа сварете го во вода зачинета со вегета. Измешајте ги јајцата и павлаката и посолете.

Истурете врз готвениот карфиол кој го ставивте во сад за печење во кој сте додале малку презла. Истурете го и сирењето. Печете на 180 степени околу 30 минути.