Спасовски: Никогаш да не се повтори невремето што пред четири години го зафати Скопје

Премиерот Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук порача никогаш да не се заборави и да не се повтори големото невреме, што пред четири години го зафати Скопје.

– Со тага се присетуваме на денешниот ден, кога пред четири години Скопје беше погодено од големо невреме кое предизвика поплави во селата Стајковци, Смилковци, Сингелиќ и Арачиново, при што животот го загубија 22 наши сограѓани. Денес животот во овие скопски места е вратен во нормала, за што сведочат асфалтираните улици, исчистените речни корита и нова водоводна мрежа, а граѓаните и денес зборуваат за пружената помош, за херојството и солидарноста кои беа демонстрирани од страна на нашите сограѓани од целата држава, напиша Спасовски.

Спасовски порача: „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори!“.