СПАС ОД ЗАГАДУВАЊЕТО: Како да се подобри квалитетот на воздухот во Скопје?

Град Скопје денеска ќе ги презентира Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во Скопскиот Регион, Краткорочниот план за квалитет на воздухот во Скопскиот Регион и Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина на Град Скопје.

На презентацијата ќе присуствува градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, а поканети се и сите 17 градоначалници од општините во Скопскиот плански регион кои имаат надлежности во областа на заштитата на воздухот од загадување.