Спарк удри во паркирано возило и се запали

 

Една жена се здоби со тешки телесни повреди, а причинета е и поголема материјална штета, кога возило Шевролет Спарк, изутрината во 8:20 часот во Штип, удрило во паркирано возила, по што се запалил предниот дел.

Бидејќи незгодата се случила веднаш зад Противпожарната станица, пожарникарите веднаш излегле на терен и го локализирале пожарот.

Како што соопштија од СВР Штип, повредената жена (62) била сопатничка во опожареното возило.

Извор: ММС