Создадете живот без никакви каења

Понекогаш луѓето доаѓаат во твојот живот, го чувствуваш тоа и веднаш знаеш дека треба да бидат тука, да те научат нешто или да ти помогнат да сфатиш кој си или кој сакаш да станеш. Никогаш не знаеш точно кои се тие луѓе, но кога ќе се погледнете во очи, во тој момент ќе знаеш дека тие длабоко ќе влијаат на твојот живот. И понекогаш ти се случува нешто што на почетокот може да делува страшно, болно и неправедно, но во спознавањето ќе ја откриеш целта на совладување на тие препраки. Затоа што ако не се случеле, никогаш не би го сфатиле вашиот потенцијал, сила, волја или срце.

Работите се случуваат со причина. Ништо не се случува случајно. Болест, повреда, љубов, изгубени моменти и сите глупости, се случуваат за да ја тестираат границата на твојата душа. Без овие мали тестови, без оглед на тоа што се, животот би бил како глатко поплочена, рамна патека која не води никаде. Би било сигурно и удобно, но досадно и бесмислено.

Луѓето со кои се среќаваш и кои влијаат на твојот живот и на успехот и падовите кои ги доживуваш, ти помагаат да станеш личност која се развива. Многу може да се научи од лошите искуства. Всушност веројатно тие најдлабоките и најважните. 

Ако некој ве повреди, изневери или ви го скрши срцето, простете им затоа што ви помогнале да научите што е доверба и колку е важно човек да биде претпазлив кога ја подарува. Ако некој ве сака, сакајте ги безусловно, не само затоа што ве сакаат, туку затоа што некој начин ве подучуваат како би требало да ги отворите вашите очи кон работите.

Дозволете секој ден да ви е важен! Уживајте во секој момент и сфатете дека ниту еден животен момент кој го проживувате нема никогаш повеќе да се потвори. Разговарајте со луѓето со кои никогаш не сте разговарале и навистина слушајте што имаат да ви кажат. Заљубете се, ослободете се и поставете ги високо целите.

Држете ја главата горе, затоа што го имате тоа право. Кажете си себеси колку сте уникатни и верувајте во себе, затоа што ако не верувате во себе, тешко дека некој друг ќе верува во тебе.

Можете да го оформите животот по своја мерка. Создадете го сопствениот живот без никакви каења!