Советниците од Ѓорче до Градоначалникот: Што крие Наумовски од нас?

Советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Ѓорче Петров денес до инспекторатот за локална самоуправа поднесоа преставка во која реагираат на нетрпанспаретното работење на градоначалникот на оваа скопска општина.

Според информациите објавени на фејсбук тие обвинуваат за нетранспарентното работење во општина Ѓорче Петров. По којзнае кој пат материјалите за следната седница на советот Градоначалникот од непознати причини ги крие и не ги споделува со останатите членови на советот на општината. 

„По наше усмено барање до службите за работа со телата на советот во општината и до Претседателот на Советот да ни биде доставен потребниот материјал кој што ни е потребен за да би можеле соодветно да се припремиме за закажаната седница истиот не ни беше даден. Со тоа службите и Претседавачот директно го прекршуваат Деловникот за работа на Советот а и Законот за локалната самоуправа а за сето тоа и поднесовме соодветна пријава до Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Од тука се прашуваме по чија наредба го прават тоа? Што е тоа што е толку тајно во предложениот ДУП за населеното место Хром што не смее да се даде на увид на нашата советничка група? Тука и директно го прашуваме градоначалникот Наумовски: ШТО КРИЕТЕ?“, прашува во својата објава Славчо Мисајлевски, координатор на советничката група.

Тој понатаму вели дека во изборната кампања Наумовски ветил транспаретност и отвореност за граѓаните. 

Дали со тоа што не ни се доставува деталниот урбанистички план го криете одговорот на овие прашања и дали навистина ќе си ги исполните вашите ветувања онака како што ги ветивте?! Дали пак причината за криењето е тоа што ниту една претставка од граѓаните не е прифатена, освен на Вас подобните?, прашува Мисајлевски. 

Тој во име на советниците вели дека со сите своите демократски мерки ќе продолжат да ги користат сите можни демократски механизми со цел граѓаните на општина Ѓорче Петров да добијат објективен увид во Вашето работење. 

Засега од општината нема реакција или одговор на обвинувањата на Мисајлевски. 

Неговиот статус го пренесуваме во целост: