Совети за воведување успешна фитнес рутина

За да го извлечете максимумот од градењето кондиција, вежбите треба да бидат дел од вашата редовна рутина. 

Многу е важно да ги примените следните совети за одржувањето на мускулната маса да стане ваше секојдневие.

Загревање и оладување

Секогаш започнувајте со загревање за да го поттикнете вашето срце да пумпа крв во вашите мускули. Некое лесно џогирање во место и лесно истегнување, се одлични начини да го подготвите вашето тело за акција. И после тренингот, одете на прошетка и применувајте лесно истегнување или јога за да му помогнете на вашето тело да се „олади“. 

Обрнете внимание на држењето на телото - За да спречите повреда, држете го грбот исправен и избегнувајте да ги стуткате рамената или да го напрегате вратот.

Измешајте различни вежби (комбинирајте) - Разновидноста е клучна. Измешајте ги и спојте ги вежбите секој ден за да го одржите вашиот тренинг свеж и забавен и за да им дадете време на различните мускули за одмор.

Знајте ги вашите граници - Проверете се кај вашиот лекар пред да започнете со вашата нова програма за тренинг за да можете да разговарате за вашите потреби. Секој е различен, затоа одете полека и слушајте го вашето тело додека создавате тренинг кој добро функционира за вас.