Совети за вежбање во зима: Не дозволувајте ладното време да ве демотивира

 

Доаѓа зима, а трчањето или тренирањето на отворено кога надвор е ладно не секогаш се можни и изводливи. Не дозволувајте ладното време да ве демотивира доколку сакате да продолжите со спортски активности.

Вежбајте во затворен простор

Студ, дожд, загаден воздух. Ако живеете во градска средина, изберете ја опцијата вежбање во затворен простор – сала или теретана. Топлото опкружување ќе ве мотивира за каква било физичка активност.

Носете соодветна спортска облека и опрема

Кога е топло најчесто се одлучуваме за памучна облека која ја упива потта и прави да се чувствуваме пријатно и свежо, но во зима ситуацијата е друга. Ако вашата облека е испотена, ќе ви биде поладно. Затоа треба да одберете спортска облека направена од мешавина на памук и синтетички влакна која упива 50 проценти помалку влага (пот) во споредба со памукот.

Не пропуштајте загревање и истегнување

Во зима или не, згревањето пред тренинг е многу важно. Но, кога времето е ладно, станува задолжително. На пониски температури зголемен е ризикот од истегнувања и повреди. Загревањето ќе ја зголеми циркулацијата во крвта и температурата на телото. Загревањето може да се направи и дома пред да одите на тренинг. На овој начин веројатноста да ви студи кога ќе излезете надвор ќе биде помала.

Истегнувањето по завршување на тренингот е многу важно бидејќи во зима мускулите се стегаат од ладното и се склони кон дехидратација и грчеви. 

Останете хидрирани во текот на зимата

Зимскиот воздух не е само ладен туку и сув. За да не ви се исуши кожата и да не ви дехидрира телото пијте многу вода во текот на тренингот. Можеби нема да осетите жед на ладното време, но на  телото му е потребна хидратација како во топлите денови..

Загрејте се со вежби

Ако ви е ладно меѓу сериите, направете 10-20 клекнувања или трчајте во место 60 секунди меѓу двете вежби. Нозете како најголема мускулна група ќе произведат најмногу топлина. Така ќе ја одржите циркулацијата на крвта и нема да се осетите тромо или да ви е ладно.

Не се откажувајте

Понекогаш, во текот на зимата, може да ви е тешко да се натерате да се облечете и да излезете од дома за да вежбате. Ако се најдете во таква ситуација, вежбајте од дома. Изберете го омилениот видео тренинг или on line програм и сетете се на изреката најдобар тренинг е оној што е извежбан.