Совети од психолозите: Ослободете се од илузијата дека можете да ги промените другите луѓе

Психолозите се посветуваат на учење на навиките на другите луѓе и тоа како погрешните избори и одлуки влијаат на нашите животи. Тие ги знаат најдобрите правила за среќен живот.

Самите сме одговорни и за среќата и тагата во нашите животи

Кога ќе се најдете во некоја тешка ситуација, тогаш стоечки издржете ја и поднесете ја. Не дозволувајте да се гледате себеси како жртва, бидејќи тоа нема да ве однесе никаде. Не дозволувајте да го пренесувате товарот и вината на другите луѓе за тоа што ви се случува во животот. Дури и да ве повреди некој, ваша е одговорноста да ја оставите таа личност позади себе и да продолжите напред.

Прифатете го фактот дека минатото не може да се промени

Минатото е нешто што е завршено и тоа треба да остане позади нас. Имаме моќ да ја смениме сегашноста и на тој начин да влијаеме на иднината, на тоа треба да се сконцентрираме. Постојаното размислување за нешто што поминало нема никаква цел. Колку и да боли, оставете го минатото таму кадешто припаѓа.

Ослободете се од илузијата дека можете да ги промените другите луѓе

Потсвесно, сите имаме некаква илузија дека можеме да придонесеме кон тоа другите луѓе да се променат. Но, треба да знаеме дека не можеме да го направиме тоа. Самите околности ги менуваат луѓето, сè останато е само напор кој ќе ве истошти. Иако делува некогаш дека сте успеале да промените некоја личност, за неколку недели истата ќе се врати на она што била претходно.

Сите акции имаат одредени последици

Треба да знаеме дека сè што правиме, чекор по чекор има некаква последица. Тоа ќе ни помогне да носиме помалку погрешни одлуки, но и да ја утврдиме одговорноста која ја имаме.

Не се однесувајте како да ќе живеете вечно

Еден ден, секој од нас ќе го напушти овој свет. Не се однесувајте како да ќе живеете вечно и не живејте како да ќе умрете утре. Рецептот за среќен живот е некаде во средина. Не одложувајте предолго, но и не се плашете толку од животот.

Не трошете време на оние кои не се грижат за вас

Една од најголемите грешки кои ги правиме во животот е трошењето премногу време на луѓе на кои навистина не им значиме. Радоста лежи во тоа да бидеме прифатени и сакани, па тогаш зошто си дозволуваме да патиме чекајќи некој да нè засака?