Совет од моите баба и дедо: Не избираме во кого ќе се заљубиме, но избираме кога ќе сакаме

Се запознале многу млади, на 20 години. Велат било љубов на прв поглед. Којзнае. Но, начинот на којшто гледаат еден во друг и по 60 години од нивната љубов е навистина нешто. 

Мојот дедо ја допира нејзината рака, а таа се насмевнува гледајќи го. Среќни што го имаат целото семејство покрај себе на неделниот ручек, велат животот носи многу предизвици, многу тестови, многу избори. Не бираме во кого ќе се заљубиме, но бираме кого ќе сакаме.

Ние внуците се смешкаме на тоа. Можеби не разбираме многу за љубовта.

Велат лесно е да се заљубиш во некој, но ден-два година, треба да живееш со таа личност. Да станеш наутро, да те чека утринското кафе, да испланираш и подготвиш зимница, да се напиеш греана ракија во зима, да се радуваш на цветовите на дрвјата во пролет, да се жалиш од жештините во лето. 

Со сериозен лик, дедо вели: Синко, навистина ти треба личност за тоа. Ти треба вистинската личност. Не е лесно ако е тоа некој во кој си се заљубил некогаш одамна, но таа личност не може да се носи со тебе.

Ти треба некој кој ќе те прифати како хрчиш ноќе, како ја ставаш главата под перница додека спиеш, како ставаш премногу сол во супата и како викаш по политичарите по цел ден. Ти треба некој кој ќе те сака и покрај сите маани кои ги имаш. Не само некој кој ќе ги сака твоите црни очи, густи веѓи и проклета заводничка насмевка.

Лесно е кога си млад, се сакаш себеси, ги сакаш другите, го сакаш светот. Но, проблемите доаѓаат низ животот и ти треба некој да е покрај тебе да се носиш со сето тоа. Да те сослуша, да знае што мислиш и кога не зборуваш, да те остави да зборуваш и кога немаш што да кажеш.

Заљубувајте се, вели. Сакајте, отсакувајте. Но, бидете внимателни кого избирате да остане во вашиот живот.