Сопственикот на „ДоказМ“ од затвор е пренесен во болница

Марјан Стаменковски, сопственикот на „ДоказМ“ минатата ноќ бил пренесен од затворот „Скопје“ во болница.

Диркеторот на затвор „Скопје“, Филип Андов за „Макфакс“ кажал дека Стаменковски е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

- Откако притвореникот се пожалил на тегоби, согласно протоколот, од затворот била повикана Брза помош, кажал Андов.