
Скопјанка пријавила во полиција дека во возилото пронашла уред за следење за кој се сомнева дека го поставил сопругот од кого се разведува.
- На 14.03.2026 година во 02.30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријавила дека на 13.03.2026 година во автомеханичарски сервис во нејзиното возило бил пронајден уред за следење, при што посочила дека најверојатно го поставил нејзиниот сопруг А.С., со кого биле во бракоразводна постапка, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.