Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ за објавените разговори на Заев со пранкери

Веројатно Заев е единствената жртва на пранкери во светот која како што тврди знаел за пранкот ама до крај разговарал затоа што му било убаво.

Ако Заев знаел дека е жртва на пранк тоа уште повеќе не загрижува затоа што освен тоа што непотребно премиерот на државата троши време на пранкери, во разговорот се согласува дека Макрон бил ужасен политичар, дека треба да се затворат аеродроми, дека Скопје е загаден град и дека со среќа кажува дека го сменил името.

Веројатно гратис е неговата изјава дека мигрантите треба да се населуваат во Македонија иако барем е реален дека во државава се живее лошо и не сме конкурентни за нивна финална дестинација.

Суштината која треба да не загрижува е што човек како Заев ни ја водел државата

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ