Соопштение на СДСМ за разговорите за формирање нова Влада

Во тек се сериозни разговори за формирање нова Влада која обезбедува грижа за сите подеднакво.

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата.

Разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или каков било национализам. Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика “Северна Македонија – Едно општество за сите”.

На 15 јули граѓаните на фер слободни и демократски избори го дадоа правецот, дадоа силна поддршка грижата за сите во едно заедничко општество да продолжи уште повеќе и уште подобро.

Тоа го побараа граѓаните на изборите и тоа новата Влада предводена од СДСМ и ќе го испорача. За две и пол години покажавме дека знаеме и умееме. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ