Сообраќајот од Куманово кон Скопје е целосно во прекин, пренасочен уште еден патен правец

Поради две одвоени сообраќајни незгоди, вечерва е воведен изменет режим на сообраќај на повеќе патни правци, информираат од АМСМ.

Од 23:30 часот сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје е целосно во прекин поради случена сообраќајна незгода. Според неофицијални информации, на местото на несреќата целосно изгореле патничко и товарно возило. Засега нема официјални податоци за причините за несреќата ниту за евентуални повредени.

Претходно, од 22:20 часот, поради друга сообраќајна незгода, пренасочен е и сообраќајот на регионалниот пат Тетово–Јажинце. Надлежните служби се на терен, а повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.