Сообраќајна полиција има на секој чекор во Скопје, еве колку санкции се изречени вчера

Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје изрече вкупно 147 мерки, меѓу кои за брзо возење казни 31 возач, 24 лица беа санкционирани за возење без возачка дозвола, 12 санкции изрече за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Исто така, МВР изрече седум мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на зртворен сигнал, односно црвено светло.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.