Денеска (11.07.2024) во 00.38 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Хасан Приштина“ и „Медат Цами“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со германски национални ознаки, управувано од Е.З.(37) од с.Беловиште, гостиварско и мотоцикл „хамачи“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од Е.Е.(18) од Дебар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.