Сообраќајна драма во Карпош: Маж бил удрен со ретровизор, па натепан од возачот

Возач од Скопје со ретровизор од возилото удрил во пешак, а потоа излегол и го нападнал. 

- На 06.12.2025 во 12:10 часот во СВР Скопје, М.Ј.(34) од Скопје пријави дека околу 10:45 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, комбе со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Х.(44) од Скопје, го удрило со ретровизорот во раката, а потоа В.Х. излегол од возилото и физички го нападнал, известија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.