Сообраќајка во Волково: Возило излета од патот и заврши во двор

Сообраќајна незгода, која за среќа завршила без сериозни повреди и жртви, се случила вчера попладне во скопската населба Волково.

Според информации од очевидци, возило кое се движело со непрописно голема брзина се превртело и завршило во дворот на една од локалните куќи.

Возачот, според неофицијални информации, се здобил со полесни повреди.