Сообраќајка во Скопје, повредени се четири лица

Две возила се судрија во Скопје, две лица се тешко повредени. 

На 01.08.2022 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов и ул. Франклин Рузвелт се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.Б.(52) од Скопје и патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(52) од Скопје, соопшти полицијата. 

По несреќата возачот Г.Н. и неговата сопатничка С.Е.(49) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди, а во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ на возачот Е.К.Б. му биле констатирани телесни повреди, а на неговата сопатничка Д.К.(79) од Скопје и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.