Сообраќајка во Куманово: Настрада мопедист откако се судрил во товарно возило

 

Настрада мотоциклист во сообраќајка вчера попладне во Куманово. 

- На 01.08.2025 околу 13:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Куманово на булеварот „3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од А.С. (61) од Куманово и мопед „кимко“ со кумановски регистарски таблички, управуван од Д.З. (30) од село Опае, кумановско, извести полицијата за случајот. 

Во несреќата Д.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа во Куманово.