Сообраќајка во Ѓорче: Тешко повредено 22-годишно момче

Млад мотоциклист и неговиот сопатник се повредени при судир со возило на улица во Ѓорче Петров. Несреќата се случила вчера попладне. 

- На 20.04.2026 околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(43) од село Крушопек, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Б.М.(22) од Скопје, додека со телесни повреди возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР во дневниот билтен. 

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.