24-годишен возач со „бмв“ прегази велосипедист во Скопје.
- На 04.12.2024 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ и сервисна улица кон село Кучевиште, скопско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(24) од Тетово, удрило во велосипед, управуван од Н.П.(68) од село Кучевиште, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата во денешниот полициски билтен.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.