Сообраќајка во Аеродром: Се судриле три возила - повредени тројцата возачи

Во сообраќајка во Аеродром вчера, три лица биле повредени и пренсени во болница

„На 16.09.2020 во 07.45 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета македонска бригада“ и бул.„Дванаесетта македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(38) од Скопје, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(29) од Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.Б.(58) од Скопје“ соопштуваат од МВР.

Во незгодата тројцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.