
Утрово на булеварот „Видео Смилевски – Бато“ во Ново Лисиче, се случила сообраќајна несреќа во непосредна близина на трговскиот центар „Лиса“.
Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила. На местото на настанот присутни се и полициски екипи.
Засега нема официјални информации, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.