
41-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“ што се случила вчеравечер.
- На 13.07.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.Ш.(41) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Р.Т. од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.