Сообраќајка кај Католичка црква – автомобил удри пешак

Вчера вечерта, околу 20 часот, во центарот на Скопје, во близина на Католичката црква, се случи сообраќајна несреќа.

Според информации од очевидци, автомобил со скопски регистарски ознаки удрил во возрасен маж кој поминувал на обележан пешачки премин.

Засега нема официјални информации за здравствената состојба на повредениот, а повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денот.

Повеќе информации – наскоро.