Две жени сопатнички и малолетно лице се повредни во сообраќајка што се случила половина час по полноќ во Скопје.
Денеска (26.07.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат село Драчево-село Морани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од И.С.(26) од село Зелениково, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.И.(43) од село Страхојадица, скопско, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата сопатничка од возилото „фолксваген голф“, Х.К.(36) од с.Морани, скопско, се здобила со тешки телесни повреди, а И.С., нејзиниот малолетен сопатник и уште една сопатничка С.А.(42) од Скопје од возилото „голф“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.