Сообраќајка доцна синоќа на булевар „АСНОМ“: Повредени две деца и двајца возачи

Две малолетни лица се повредени во сообраќaјна несреќа што се случила вчеравечер, еден час пред полноќ во Скопје. 

- На 04.06.2023 во 23.00  часот било пријавено дека во Скопје на бул.“АСНОМ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.З.(27) од Скопје и патничко моторно возило “опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.К.Р.(32) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото “опел корса“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште една малолетна сопатничка од возилото “опел корса“ констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“, информираат од МВР за Скопје Инфо. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.