Сообраќајка близу Сарај, повредени најмалку две лица

На 03.08.2021 во 18.00 часот на локалниот пат с.Сарај - с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(45) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(51) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на возилото „опел“, С.А.(51) од Скопје, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза". Додека, со телесни повреди се здобила сопатничката на возилото „фолксваген“, Х.Х., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.