Сонична технологија за поздрави заби и непца, за цел живот

Оралните болести погодуваат 3,9 милијарди луѓе ширум светот. Шеесет до деведесет проценти од децата и речиси сите возрасни страдаат од забен кариес, што го прави една од најраспространетите, превентивни болести во светот, па затоа е поважно од кога и да е да се всадат добри рутини за четкање уште од почетокот на животот.

Но, понекогаш добрата рутина со обичната четка за заби не е доволна за заштита на забите и непцата.

Па зошто да не ги користите вистинските алатки за здрави заби?

Со Philips Sonicare сакаме да ги поттикнеме превентивните здравствени навики, користејќи ги технолошките иновации што доведуваат до долгорочно подобро орално здравје и што е најважно, кон подобро целокупно здравје и благосостојба.

Уникатната сонична технологијата на Philips Sonicare е клинички докажана дека е и до 20 пати поефикасна од рачната четка за заби. Таа преку пулсирачки дижења создава нежни микромеурчиња кои продираат и во интерденталниот простор за отстранување на наслагите и на тешко достапните места, како и за исклучително чувство на чистота.

Четките за заби Philips Sonicare се исто така совршени да одговорат на загриженоста на потрошувачите дека електричните четки за заби може да ги оштетат забите и непцата. Вградениот сензор за притисок го предупредува корисникот кога врши преголем притисок, а врвните глави на четките можат автоматски да го изберат оптималниот режим и интензитет.  

Philips Sonicare четките за заби се дизајнирани за корисници кои се грижат за своето орално здравје на најдобар начин, нежно и ефикасно.